Иако на пациентите оваа лезија не им е позната под името ,,клинести дефекти" , голема е бројката од нив кои се јавуваат на стоматолог заради истата и се смета дека е една од најчестите лезии од неинфективно потекло присутна меѓу пациентите.
Клинести дефекти ( анг. Abfraction) e таква лезија кадешто губењето на забната структура и гингивата одат истовремено со што се формира еден карактеристичен дефект во форма на буквата V. Треба да се знае дека тој дефект не е кариес затоа што причината за неговото настанување не е од инфективно потекло односно бактериско потекло.
Оваа лезија на забната структура е најчесто асимптоматска,безболна, но неретко знае да биде и проблематичната зона кога забот е подложен на ладно и топло.
Со тек на времето ако не се санира,забот станува поподложен на бактерии и се создава забен кариес. Во крајност се сведува на целосно губење на забната структура а со тоа и губење на самиот заб.
Причини за создавање на клинести дефекти се:
- бруксизам ( шкрипење со забите)
- малоклузии (неправилна положба на забите)
- загуба на минералната компонета на забот
Тоа е сепак и мултифакториелна лезија која што не може да се најде вистинската причина за нејзиното настанување.
Третман на клинести дефекти:
Кога ќе се дијагностицираат навреме овие лезии,најчесто не е потребен никаков третман,но сепак нивното мониторирање е од клучна важност. Кога ќе се јават одредени симптоми,осетливост на забот на ладно и топло тогаш во склоп на терапија спаѓаат:
-ПЛОМБИ
-НОЌНИ ШТИТНИЦИ ( СИЛИКОНСКИ ШТИТНИЦИ)
-ЗАБНА ПАСТА ЗА ОСЕТЛИВИ ЗАБИ
-ОРТОДОНТСКА ТЕРАПИЈА ( кога причината е неправилна положба на забите)
Како што прогредира степенот на загуба на забната структура така паралелно настанува и гингивална рецесија односно повлекување на ,,непцето".
https://www.dcpopristovi.com/blog/68-klinesti-defekti#sigProIdc7677154d7