Пародонтoлогија е посебна гранка во стоматологијата која се занимава со превенција,дијагностика и лечење на потпорниот апарат на забите,односно гингивата и коскениот систем околу забите. Оваа болест започнува со воспаление на непцата (гингивата) ГИНГИВИТИС кое можеме да забележиме благо црвенило на гингивата проследено со лесен оток и крварење при четкање на забите,и доколку не се лекува доаѓа до повлекување на непцата и расклатување на забите. Пародонтопатијата е една од главните причини за губиток на забите после кариесот. Главни причини за пародонтопатијата

  1. Лоша орална хигиена
  2. Генетска предодреденост
  3. Лоши навики( пушење)
  4. Недобро изработени протетски реконструкции коронки, мостови и пломби
  5. Постоење на некои други метаболни заболувања

Третман:

  1. Дијагностицирање и план на терапија
  2. Професинално рачно и механичко остранување на забниот камен
  3. Обработка на пародонтални џебови
  4. Воздушно полирање на забите
  5. Ласерска регенерација на мекото ткиво

За успешен третман на пародонтопатија во нашата клиника користиме и ласерска терапија и PRP

Со помош на ласерската светлина од двата ласера Каво и Атлатис се обезбеди стерилност на ткивото,пришто се уништуваат микрооргазнимите кои се главни причинители на пародонталната болест и се предизвикува регенерација на оштетените клетки. Сето ова е проследено без болка, без шиење, без анестезија.

PRP е скратено од platelet- rich plasma што значи плазма погата со тромбоци. Тој е продукт кој се добива од крвта на пациентот и се користи во оралната,пародотопатијата,естетската хирургија и козметиката . Содржи голема концетнрација на фактори на раст коишто предизвика намалување на крварењето,подобрување на заздравувањето на меките ткива и регенерација на коските.

Како да знам дека имам заболување на непцата?!

  1. Непријатен здив
  2. Црвени или отечени непца
  3. Чувствителни непца кои крварат
  4. Болка при џваќање
  5. Расклатени заби
  6. Околени заби и чувствителни на ладно или топло.

Ласерска стоматологија

Ласерите прествавуваат најнова технологија во стоматологија кои наоѓаат голема примена во секојдневната стоматолошка пракса бидејќи нудат сигурен и ефикасен третман во различни стоматолошки третмани и го забрзуваат процестот на заздравување. Со примена на ласерот во нашата клиника допринесовме голем број на хируршки интервенции да се изведат со огромна прецизност ,значително ја намалува болката и периодот на заздравувањето.

Што преставува ласерот?

Ласерот е светлина кои во одредени стоматолошки интервенции може да го замени хируршки нож, да предизвика стерилност и да го стопира крварењето. Наоѓа примена во сите области како единствена или помошна процедура во лечењето.

  • Labialne frenulektomije - остранување на пликите кои ги поврзуваат усната со гингивата
  • Frenulektomija – остранување на ресичката која го поврзува јазикот со подот на усната
  • Gingivektomija - остранување на вишокот на гингива
  • Gingivektomija - обликување на гингивата
  • Desenzibilizacija - намалување на осетливоста на околу коренот на забот
  • Afte, herpes - предизвикува побрзо заздравување

Што преставува ласерска терапија?

Ласерската терапија преставува биостимулативна терапија при која енергијата генерирана преку светлостниот зрак со различна боја (инграцрвена или црвена) предизвикува регенеративни процеси во ткивото. Со помош на енергијата емитувана во играцрвената светлина врз клетките се предизвикува биостимулативно дејството,што се забрзува процесот на регенерација и заздравување на ткивото,а енергијата емитувана во црвената светлина предизвикува намалување на воспалителниот процест и болката.

Ласерото наоѓа примена во повеќе гранки во стоматологијата.