Имплантологија ги решава сите облици на беззабеност (од недостаток на еден заб до комплетна беззабеност) и преставува идеално решение за надоместување на забите кои недостасуваат.
Денталните импланти се изградени од титаниум кој е комплетно биокомпатибилен со виличната коска, така што не постои никаква можност на алергиска реакција. Имплантот се состои од дентален штраф (имплант кој се вградува во коската), абатмент на кој преставува спој и на над него се поставува коронка.
Кога недостасува еден заб, индивидуална коронка поставена над имплантот преставува идеално решение за вас. Се добива префектно естетско решение, се избегнува стругање на соседните заби и дополнителна девитализација не некој од соседните заби.
Кога недостастасуаат два или повеќе заби во забната низа, поставување на 2 или повеќе импланти е идеално решение бидејќи се избегнува стругање на соседните заби или носеше на парцијална протеза за да ги надомести забите кои недостасуваат. Со поставување на мост спречување да настане дополнителна ресорпција на коската и поместување на вашите заби во низата. Оваа преставува незаменливо решение што ви нуди прерфектна естетика и фукционално решение.
Кога постои тотална беззабеност постојат поголем број на варијанти кои можат да се направат благодарение на имплантите,но секако ова зависи индивидуално од состојбата на меките (гингивата) и тврдите ткива(големина и ширина на мандубуларната и максиларната коска) исто така поставеност на синусите,нервите и крвните садови.
All-on-4™ Dental Implants или All-on-6 Dental Implant
Една од варијантите кај тотална беззабеност е избработна на протетска изработна на циркуларен мост над 4- 6 дентални импланти поставени во горната вилица, и 6 – 8 дентални импланти во долната вилица. Бројот на импланти зависи од цврстината на коската која се дијагностицира преку 3Д слика која ја правиме во нашата ординација и ја добивате за неколку секунди.
Dentures support with implant
Друга варијатна кај тотална беззабеност каде што имаме екстремна ресорпција на коска и неможност да се постави циркулатен мост брз денталните импланти е поставува 2 ,4 или 6 импланти и поврзање со тотална протеза. Протезите поврзани со дентални импланти даваат екстремна стабилност, перфектна функционалност и естетика. Со оваа техника повторно ќе ја почувствувате храната! Ќе зборувате,смеете и јадете исто како со вашите заби.
Предности на имплантите
Забните импланти преставуваа иделано решение за недоместување на изгубените заби. Освен што можат да го надоместат изгубениот заб ,денталните импланти во потполност го враќаат чувството и функционалноста како природниот заб.
Долготрајност
Забните импланти се направени за да трајат долготрајност. Мостовите кои се поставени над забите имаат рок на траење 10-15 години,додека забните импланти се решение за цел живот. Но секако тоа се зависи дали ќе се предржување за правилата за успех.
Подмладување
Со губење на забите доаѓа до ресорпција на коската,се губи физиономијата на лицетои се добива старечки изглед. Се поставување на имплантите се спречува ресорпција на меките ткива и коската и повторно се враќа природниот облик на лицето и насмевката.
Зачувување на вашите заби
Нема дополнително стругање на соседните заби.
Во нашата клиника користиме користиме системи на дентални импланти со долгогодишна традиција и квлалитет како:
STRAUMAN
NEODENT
ROOT
ВАЖНО
ПОСТОПЕРАТИВНИ УПАТСТВА.
На денот на операцијата на поставување на денталните импланти и два дена потоа:
- не пушете
- не конзумирајте алкохол
- јадете мека и пасирана храна
- по оброк,исплакнете ја устата,но не дразнејќи ја раната
- одржувајте нормална хигиена со забна четка на преостанатите заби
- не користете дополнителни лекарства или средства кои не се препорачани од Вашиот или друг доктор
- не се изложувајте на физички напор