Посетата на естетски стоматолог е ЕФЕКТИВЕН начин за усовршување на вашата насмевка.

Бидејќи вашата насмевка е една од најистакнатите карактеристики на лицето, оштетувањето, искривувањето или пребојувањето на забите влијае на тоа како се прикажувате себеси кон другите.

Лошата насмевка исто така може да го наруши квалитетот на џвакање храна или зборување и да ви ја намали самодовербата.Денес ние можеме да ги реконструираме или да изградиме целосно нови заби кои се апсолутно природно естетски и финкционални.Кога го правиме тоа сите материјали кои ги користиме имаат исти физички и идентичен хемиски состав како природно забно ткиво.

ШТО Е ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА?

Покрај потребата за воспоставување на функцијата на забите, естетските стоматолози користат различни техники за подобрување на естетиката на вашата насмевка.

Дури и ако вашите заби се во добра состојба, белеењето на забите може да додаде дополнителна нијанса што ви е потребна за да ја нагласите веќе убавата насмевка. Други пак пациенти добиваат драматично зголемена самодоверба бидејќи нивните скршени или изгубени заби се санираат од страна на нивниот естетски стоматолог.

Инвестирањето во убава насмевка е повеќе од само начин да изгледате привлечно: Тоа е важна инвестиција во вашите социјални кругови и можности за кариера.

ШТО НИЕ КАКО ЕСТЕТСКИ СТОМАТОЛОЗИ МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ ЗА ВАС?

Естетската стоматологија нуди многу напредни техники за да им помогне на пациентите. Еве неколку начини со кои можеме успешно да ја промениме вашата насмевка:

- Белеење на заби

Истажувањата покажуваат дека професионалното белеење на заби е побезбедно и поефикасно отколку правењето лекови на своја рака. Ова е можеби најпопуларната гранка од естетската стоматологија во моментов. Како естетски стоматолози нудиме широк спектар на системи за белеење на заби во нашиот стоматолошки центар или системи за белеење кои можете да ги користите во вашиот дом.

- Преобликување на вашите заби (Direct composite restoration)

Скршените, истрошените, дисколорираните или многу оштетените заби ги санираме со употреба на сложена смола ( композит - материјал за боја на забите ) дирекно врз забите во една посета.

- Veneers

За назначено пребоените или заби кои се наоѓаат надвор од забниот низ , тенка порцеланска лушпа може да се постави дирекно на површината на забот што ќе овозможи промена на бојата, големината, формата или положбата на забите. Лушпите се направени и испланирани индивидуално за секој пациент од нашата заботехничка лабараторија.

- Мостови и коронки

За значително расипани, ослабени или надоместување на изгубени заби како и за да се помогне во стабилизирањето на оклузијата ( џвакањето ) користиме лабараториски изработени коронки. Денешните материјали даваат исклучителен естетски резултат кој ќе трае со години и воедно допринесуваат за повторно враќање на насмевката и стабилна џвакална површина.

- Pink esthetic

Гранка од стоматологијата која е фокусирана на непцата ( гингивата ) и врската помеѓу забите, гингивите и усните.

Бојата на гингивите мора да биде природно розева , нејзината текстура е слична на кора од портокал и не смее да крвави при допирање. Гингивите кои се отечени, црвени или сино-виолетови, како и оние кои крварат при допир треба да се третираат. Ова се најчести знаци, симптоми на воспаление (гингивитис) и парадентоза која е една од причините за неповратно губење на забите.

Благодарение на развојот на пародонтологијата и нашето неуморно учење и обучување во оваа гранка, можеме да го решиме овој проблем доколку го имате.

Користиме современи протоколи за отстранување на било какви дефекти на гингивите за да постигнеме хармонија меѓу забите и непцата што е и крајна цел на розовата естетика.

НИЕ НУДИМЕ КВАЛИТЕТ, ИСКУСТВО И СОВРЕМЕНА ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА