Ендодонтскиот третман се изведува кога постои воспаление на нервот како резултат на напреднат кариес или траума на забот. Терапијата подразбира отстранување на остатоците на нервот, чистење и ширење на коренските канали, нивно испирање и полнење со соодветен материјал.
Современата ендодонција подразбира употреба на современа апаратура и машински NiTi инструменти, со што се обезбедува:
- побрза, поефикасна и потемелна обработка на коренските канали
- решавање на комплицирани случаи со криви и тесни канали
- помал број посети (1 до 3 зависно од комплексноста на случајот)
- подобар квалитет и помала можност за грешки
Модерната ендодонција им овозможува на пациентите да си ги задржат своите заби, го продолжува животниот век на забите што треба да се екстрахираат.
Модерната ендодонција цели кон модификација и обработка на коренските канали, отстрануваwе на бактериите од нив и правилно полнење на каналите. Обработката на коренските канали со Протапер инструментите овозможува перфекција и точност во исто време, како и пратење на анатомијата на коренските канали и редуцираwе на потенцијални грешки при обработката.
Протапер системот е уникатен затоа што користи две различни техники и на тој начин го обработува каналот и во хоризнтален и вертикален правец.
Предности на Протапер системот:
- поради зголемената флексибилност и уникатното змијолико движење на овие инструменти, покрива многу потешки клинички случаи, вклучувајќи тесни и премногу криви канали
- пократко време на обработка, поради високата ефикасност на инструментите што се користат
- подобрена безбедност, ризикот од кршење на инструмент е значително намален
- ја прати оригиналната анатомија на коренските канали
- овозможува комплетна елиминација на бактериите од коренските канали
- квалитетно полнење на коренските канали