Ортодонција е специјалистичка гранка во стомаотлогија која се занимава со откривање, дијагностицирање и лекување на неправилностите во положбата на забите и вилиците кај децата и возрасните. Важноста на ортодонтската терапија не е само во исправување на забите и добивање убава насмевка, односно добивање на правилна џвакална функција, оклузија и меѓувиличен однос. Ортодонтската терапија е многу важна и најдобро е да се изведе во периодот на раст и развој на вилиците бидејќи тогаш може да се влијае брзо и лесно на неправилностите.
Многу често ортодонтската терапија е потребна како припремна терапија пред протетска и имплантолошка интервенција за да се добие убава естетска и правилна функција.
Зошто е потребна ортодонтска терапија?
Неправилната оклузија и поставеност на забите се подложни на зачестеност на кариес и воспаление на гингивата (гингивитис) поради неможност за одржување на правилна орална хигиена.
Некои од неправилностите на забите и вилиците кога е потребно носење на мобилни апарати или фиксни протези.
- Исправување на заби
- Пренатрупеност или хиподонција (недостаток на заби)
- Затварање на простори меѓу забите
- Исправување на изместени или заби кои се импактирани (најчесто канините)
- Третирање на неправилен загриз
- Третирање на неправилен однос на вилиците (overjet, overbite, underbite)
Ортодонтската терапија може да се третира со мобилни апарати или фиксни протези.
Мобилни апарати:
- Функционални апарати за модификација на растот
- Мобилни апарати за поместување на забите
- Комбиниран функционален и активен третман
- Myobrace
Фиксни протези
- Класични метални протези
- Порцелански протези
- Сафирни протези
- Метални самолигирачки протези
- Самолигирачки порцелански протези
- Damon метални или порцелански протези
- Лингвални протези
- Invisalign sistem