Platelen Rich Plasma (PRP ) Плазма богата со тромбоцити е нов пристап за регенерација и побрзо заздравување на ткивата во многу стоматолошки процедури и оралната хирургија,ПРП особено место зазема во пародонтологијата.
PRP се добива со центрифугирање на крвта од пациентот која содржи фактори за раст кои предизвикуваат намалено крварење ,побрзо заздравување и регенерација на меките и тврдите ткива.
Platelen Rich Plasma е потполно сигурна и безопасна процедура затоа што се користи исклучкиво крвта од самиот пациент. Процесот започнува со вадење на крвта од пациентот која се става во апарат за центрифугирање и од неа се оделуваат црвените крвни зрнца.
Процесот на центрифугирање на крвта е брз и едноставен и за неколку минути добиваме плазма и фибрин кои се користат како биолошки автотрансплантат.
Каде се користи ПРП?
- PRP при екстракциона рана: Намалено крварење ,побрзо заздравување, помалку непријатности и оток
- PRP кај денталните импланти: PRP при вградување на денталните импланти предизвикува формирање на нова коска и регенерација на околните ткива. Спречува настанување периимплантитис
- PRP во пародонтологијата: Факторите за раст кои се наоѓаат во ПРП ја стимулираат активноста на остеобластите и ангиогенезата кои се клучни фактори во процесор на заздравување и регенерација на ткивата и коската. Процесот на плазма во гингивата се изведува под анестезија.
https://www.dcpopristovi.com/blog/6-platelen-rich-plasma#sigProIddac48b3fe5